x

Прва дама тренер на македонски клуб: Драгана Костова е нов кормилар на Росоман

dragana-kostova-rosoman

Новиот член на Втората македонска фудбалска лига – Исток, екипата на Росоман, во новата сезона почнува со дама на кормилото на екипата.

Станува збор за Драгана Костова, која ФК Росоман 83 денеска ја именуваше за шеф на стручниот штаб, во кој ќе има и повеќе искусни соработници кои ќе и помогнат во водењето на тимот оваа сезона.

Од клубот и посакаа среќа на Костова, која станува прва дама предводник на тим во нашето фудбалско првенство.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата