Македонскиот игран филм „Кога денот немаше име” денеска ќе ја има првата проекција на филмскиот фестивали „Берлинале”, а до 18 февруари ќе има уште осум проекции. 

Се работи за македонски филм по сценарио и режија на Теона Стругар Митевска во продуција на „Сестри и брат Митевски”, а ќе биде прикажан за новинарите во киното „Синемакс 8″ на познатиот берлински Потсдамер Плац.

Филмот ќе биде прикажуван во рамки на фестивалската програма „Панорама” во која учествуваат реномирани режисери, дебитантски филмови и нови откритија, а која има за цел да ги спротивстави уметничките визии наспроти комерцијалните интереси. 

„Кога денот немаше име” е македонски мнозински проект, реализиран од продукцијата „Сестри и брат Митевски” со копродуцентите Вертиго од Словенија и Ентре Шиен е Луп од Белгија. Македонската Агенцијата за филм го поддржа со половина милион евра, а дополнителни средства продукцијата доби и од Еуримаж.

Според продуцентите, филмот е инспириран од немилите случувања на Смилковското езеро.