Пратеници на СДСМ предизвикаа уште еден инцидент за време на седницата на Комисијата за транспорт и врски.

Претседателот на Комисијата, Реџаил Исмаили, не дозволи пратеникот од СДСМ Благоја Стојановски да му реплицира на министерот Иво Ивановски. Образложението на Исмаили беше дека излагањето на министерот е дообјаснување и затоа нема право на реплика.

Пратениците од опозицијата се спротивставија на неговата одлука, па во знак на револт отидоа до масата на претседателот. По кратка вербална расправија се направи тензична атмосфера во која малку фалеше да дојде до физички контакт меѓу Исмаили и Стојановски.

На крајот, сепак, се смирија страстите на двете страни и Комисијата продолжи да работи.

Видеото од инцидентите е превземено од Бриф.