Претседателката на Собранието на Република Србија,  Маја Гојковиќ избрка тројца пратеници од денешната седницата. Причината за таквиот чекор беше затоа што тие не сакале да носат маски и ракавици во собраниската сала.

Гојковиќ најпрво го прекина говорот на премиерката Ана Брнабиќ, а потоа ги замоли пратениците Саша Радуловиќ, Бранко Стаменковиќ и Војин Биjиќ да се придржуваат кон заштитните мерки и да стават маски и ракавици што тие, како и сите други, би можеле да ги земат на влезот во зградата.

Дојдовте да направите инцидент. Ставете на маски и ракавици. Нема дискусија за владините мерки. Излезете ако не ги почитувате мерките “, рече Гојковиќ.

Откако не им дадоа збор за да го објаснат нивното однесување, пратениците го напуштија собранието.

Правилата важат за сите. Ова е сериозна состојба “, рече Гојковиќ откако тие ја напуштија седницата