Работните групи на парламентарните партии се уште не постигнале договор за тоа кој ќе биде директор на ОТА, но несогласувања имало и за главен државен ревизор. Овие две точки, но и оние за избор на членови на Комисијата за конкуренција, на Одборот на државната награда 23 октомври и за измена на составот на Буџетскиот совет на Собранието едногласно беа ставени последни на дневен ред на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата.

Дека нема договор за директорот на ОТА и главен државен ревизор потврдуваат и пратениците и од владејачкото мнозинство и од опозицијата. Следното продолжение на седницата на Комисијата се најавува за среда, пред одржување на пленарната седница.

Комисијата за претседател на Комисијата за одлучување во втор степен во областа на Инспекцискиот надзор ја предложи Елизабета Ристевска.
Артан Груби од ДУИ предложи да се поништи конкурсот за заменик директор на Дирекцијата за заштита на личните податоци. Ќе биде објавен нов конкурс.
Комисијата го поништи и конкурсот за именување членови и претседател на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.