Пратеникот Исмаил Јахоски од ДУИ е тестиран и неговиот тест е позитивен на Ковид-19, соопшти собраниската прес-служба.

„Поради ова, а се со цел истиот да биде под надзор на стручни лица како би се спречил развој на несакани компликации, пратеникот Јахоски е хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје“, се наведува во соопштението.

Собранието апелира до сите останати пратеници, освен во Собранието, да се придржуваат до мерките за заштита на колективното здравје и во домашни услови, посебно во контактите со најблиските.

извор: Makfax