„Празен календар“ е насловот на деби-синглот на битолчанецот Менде Куновски, кој деновиве го промовираше пред своите најблиски пријатели, колеги, роднини, но и вљубеници во убавата песна. Музиката и аранжманот на темата се со потписот на Николче Мицески.

– Долги години бев член на битолската група “Алтернатор”, но решив дека е вистинско време да создадам нешто сам и нешто што ќе остане да се слуша долги години. Јас вака го замислувам новиот фолк-звук во нашата земја и убеден сум дека ќе и се допадне на публиката, вели Куновски.

Видеото е со потписот на „Веста Продукција“.