x

Правилата кои ќе важат за следната сезона во ПМФЛ, за шампион мора да се одигра 75%, директно ќе испаднат само две екипи

ffm-odluki-1

Со цел да нема нејаснотии, ако воопшто имаше досега, Управниот Одбор на Фудбалската Федерација на Македонија, ги прецизираше правилата кои ќе важат за следната сезона во нашата елитна елига.

Во следната сезона ќе се натпреваруваат 12 екипи, исто така и во 2021/2022 ќе има 12 екипи. Значи нема да испаѓаат четири, туку две. Деветата и десетата ќе се играат бараж со вторите во исток и запад, противниците ќе се одредат според ждрепка, додека единаесетиот и дванаесетиот ќе оди во понизок ранг.

А тоа е дека ако во случај на Ковид -19 или друга непогода, првенството мора да се прекине, тогаш се гледа колку кола се одиграле. Ако се одиграат под 50% од мечевите тогаш првенството се поништува. Ако се одиграни 50% од тие 33 кола, нели во следната сезона ќе имаме трокружен систем, нема да има прогласување на шампион, туку пласманот ќе се одредува според местата на табелата во моментов. И според тој пласман ќе се одредат патниците за во Европа. Се разбира дека ова важи и за опстанокот, за оние екипи кои се во долниот дел на табелата.

Во случај на ист број бодови е тогаш подобро пласирана екипа ќе биде онаа со подобра гол разлика.

Во случај да се одиграат 75% од натпреварите во првенството, тогаш ќе се прогласува конечна табела и ќе се прогласува шампион. Во случај на ист број бодови подобра екипа ќе биде онаа која во меѓусебните дуели има подобар биланс, но само ако се одиграат сите три меѓусебни дуели. Ако се одиграат два, е тогаш повторно подобар ќе биде онаа екипа која има подобра гол разлика.

Значи за конечниот пласман на табелата ќе решава меѓусебниот дуел само ако се одиграни сите три меча до прекинот, во спротивно ќе решава подобрата гол разлика.

Сето ова СПОРТМЕДИА го најави уште на 12 јули.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата