Прават гафови, ама се поправаат!
Добро е да се знае дека познатите холивудски ѕвезди не се родени со истенчен вкус за модата. И тие грешат, но за среќа тука се познатите модни стилисти, кои од грди пајчиња и кич облечени новокомпонирани ѕвезди, можат да направат гламурозни личности, кои знаат како да го истакнат најубавото кај себе, но и да го скријат она со што не можат да се пофалат. Некои од нив се толку добри во носењето модерна облека, што познатите модни куќи и козметички фирми ги ангажираат за реклама на нивната облека и препарати. На големите спектакли најголемите дизајнери и творци на современата мода пикираат големи филмски ѕвезди да се појават во нивните најнови креации, што за нив е најдобра реклама. Низ модната еволуција на некои мега холивудски ѕвезди, можете да видите како тие освен што станувале се подобри во она што го работат, го менувале, се разбира на подобро, и својот стил на облекување.
ДЕМИ МУР
Кој не се сеќава на Деми Мур во филмот “Дух”, кога се уште немаше силиконски гради и се фотографираше со чудни капчиња и “евтина” облека, најчесто во прегратките на екс-сопругот Брус Вилис. Иако беше симпатична, не попусто во Холивуд за неа велеа дека за да дојде до целта таа граба буквално се од животот. и` беа потребни 15 години, улога во филмот “Чарлиевите ангели”, силикони, напорно вежбање во теретана и помлад партнер, за да стане апсолутно неодолива.
НИКОЛ КИДМАН
Од девојка со портокалова коса и пеги, таа се претвори во модна икона. Денес е заштитно лице на парфемот “Шанел 5” и симбол на дамска елегенција, како онаа на старлетите и дивите од Златното време на Холивуд.
ПЕНЕЛОПЕ КРУЗ
Таа беше свежо лице во шпанската кинематографија но, барем така велат, не и девојка со рафиниран моден вкус. Но така беше на почетокот. По љубовната врска со Том Круз дојде до огромен пресврт кај Пенелопе. Денес е муза на креаторот Ралф Лорен, а некои ја нарекуваат и современа Одри Хепберн.
БРЕД ПИТ
Кога се појави првпат во светот на филмот Бред Пит изгледаше како дилер на позајмени автомобили. Но откако почна неговата врска со Џенифер Анистон, тој се претвори во секси момче, кое се подобро и подобро се облекува. Годините само го зголемија неговиот шарм, а сигурноста во однесувањето придонесе неговиот начин на облекување да стане – мода.
ДЕЈВИД АРКЕТ
Дејвид, на почетокот беше збунето момче од провинција, кое сакаше со своето мачо однесување да привлече внимание. Со своите раскопчани кошули и демодирани костуми важеше за апсолутен аналфабет во модата. Но, Кортни Кокс успеа од овој бунтовник да направи пристојна, но привлечна ѕвезда. Иако секогаш е заедно со својата сопруга, по него воздивнуваат многу женски обожавателки.