Бети и Куртис Тапли биле заедно во поголемиот дел од животот. После 53 години брачен живот, двајцата починале од ефектите на коронавирусot во рок од еден час во болница во Тексас

Бети и Куртис Тапли се запознале откако оделе во истото средно училиште во Илионоис, потоа се венчале и имале две деца.

После 53 години брачен живот, двајцата починале од коронавирус во рок од еден час во болница во Тексас, минувајќи ги последните моменти држејќи се за раце.

Бети била примена во болницата на 9 јуни, а Куртис два дена подоцна. И двајцата биле позитивни. Нивниот син Тим (52) изјавил дека неговиот татко добро закрепнувал, но состојбата на неговата мајка се влошила. Но кога му се јавила неговата мајка дека е подготвена да замине тој никако не можел да се помири со тоа.

Налутено врескав кога таа ми го кажа, рече Тим.

Тим го известил неговиот татко за состојбата на неговата мајка и му кажал колку го сака. Набрзу после тоа состојбата на неговиот татко уште повеќе се влошила.  

Мислам дека тој се бореше претежно за неа и кога знаеше дека и таа не е добро, тогаш се помири со фактот па се откажа“, рече тажниот син.

 – Мислам дека беше во ред што ги ставивме заедно, рече Блејк Трон, медицинско лице кој се грижел за Куртис.

Беше тешко, но тие успеале да ја преместат Бети во истиот оддел каде што бил Куртис кому очите му се отвориле веднаш откако ја донеле.

 Тој знаеше дека е таму , рече Трон, кој потоа ја ставил раката на Бети на раката на Куртис.

Искрено мислам дека беа толку исцрпени што можеа да зборуваат само со својата душа или со некој посебен неизговорен јазик. Тие очигледно добро знаеја меѓусебно добро за да можат да комуницираат без зборови“, рече Трон.

Бети починала по околу 20 минути, а Куртис околу 45 минути подоцна, рече Трон, пренесува Си-Ен-Ен.