x

По 4 години Блан повторно е тренер, но овој пат во Катар

blan

По цели 4 години без ангажман, Лоран Блан се врати на работа и тоа како главен тренер во фудбалскиот клуб Ал-Рајан во Катар. 55-годишниот Французин го потпиша својот прв договор по пауза од четири години, откако последен пат беше тренер на ПСЖ во 2016 година.

„Спортската авантура е интересна, условите се интересни, но најинтересно е да видиме дали можеме да го вратиме Ал-Рајан таму каде што припаѓаат“, рече Блан, на промоцијата.

Интересно е што името на екс-селекторот на Франција кој со „галските петли“ стана и светски шампион во 1998 година, се споменуваше како кандидат за тренер на повеќе европски гиганти.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата