Партнерот на еден од најголемите нарко босови во историјата Пабло Екобар е на слобода. Карлос Ледер кој помина 33 години во затвор на Флорида е пуштен од затвор. Карлос и Пабло ги направиле едни од најголемите испораки на кокаин од Колумбија во САД кон крајот на осумдесеттите години. По нив е снимен и филмот „Блоу“, а се споменуваат и во серијата „Наркос“ и во книгата на синот на Пабло Ескобар.

Карлос е депортиран во Германија бидејќи има германско државјанство и ќе биде слободен граѓанин.