x

ПО 30 ГОДИНИ – ЛИВЕРПУЛ Е ШАМПИОН! Најдолгото шампионско исчекување, заврши со една од најбрзо решените сезони!

Каква ноќ. Веројатно ова се првите зборови кои секој искрен навивач на Ливерпул ги кажа по последниот судиски свиреж на „Стемфорд Бриџ“ вечерва. Статистички, една од најрано решените сезони по прашањето за шампионската титула, донесе завршување на едно од најдолгите исчекувања за шампионскиот пехар во англиската фудбалска елита.

Ливерпул за првпат ја освои Премиерлигата! По последниот шампионски танц на „црвените“ далечната 1989/90 кога се уште англиската елита го имаше името „Football League“, ова е првиот трофеј за момците од „Енфилд“ во ерата на Премиер лигата која тргна од сезоната 1992/93. Ливерпул сега се израмни со Блекбурн и Лестер кои имаат по една премиерлигашка титула, но зад името на славниот клуб ова е 19-та титула во историјата што ги носи момците на Клоп на само еден трофеј од израмнување на рекордот на Манчестер Ј. – 20 титули.

Веднаш по мечот во Лондон, на Твитер се огласи сопственикот на Ливерпул, Џон Хенри:

„Ова беше сезона над сезоните за сите верни навивачи на Ливерпул. Беше неверојатна година на прекрасно достигнување кое кулминираше вечерва со освојувањето на титулата во Премиер Лигата“.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата