x

ПО 22 години одново во ЛШ: Може ли Силекс до ЧУДО!?

sileks-grupna-1

Прежалените се најопасни. Веројатно тоа го мислеше Гурбан Гурбанов, тренерот на Карабах, кој вчера на пресот во пресрет на денешниот дуел со Силекс, истакна дека не смеат ниту да помислат да го потценат македонскиот тим.

А Силекс, кој по цели 22 години одново ќе ја претставува Македонија во квалификациите во Лигата на Шампионите, одамна е прежален. Никој, ама баш никој не му дава никаква шанса на составот на Горан Симов дека може да го изненади Карабах во тој еден меч од 1.квалификациско коло во ЛШ. Некогашни тренери, селектори, наши играчи кои играле за Карабах, но и во другите клубови во Азербејџан, тврдат дека Силекс нема што да бара.

И сега доаѓаме до клучното прашање. Ќе може ли Силекс навистина до ЧУДО, и тоа против “страшниот“ Карабах?

Само да не се исплашиме“ вели голманот Даниел Божиновски за СПОРТМЕДИА.

Да одиграме како лавови, а не како кукавици“ потенцира тренерот Горан Симов.

Силекс вечерва од 18 часот на стадионот “Тофик Бахрамов“ ја брани честа и на мак фудбалот воопшто. Затоа треба да му се посака среќа на составот од Кратово, и да се навива за него.

Нели, чудата во фудбалот се случуваат, па прекрасно ќе биде да видиме такво чудо вечерва и во Баку.

Силекс е тим кој се градеше две-три години. Од сезона во сезона кратовци напредуваат, лани беа втори, дури и пред една Шкендија. Реално станува збор за најподготвената екипа во ПМФЛ на физички план. Силекс знае да игра фудбал, тоа европско неискуство ќе го надополни со борба, со срце. Силекс е во предност само во еден аспект, а тоа е дека е во натпреварувачка форма, додека Карабах не е.

Се останато е на страната на азербејџанците. И квалитетот, и буџетот, и искуството…

Затоа Силекс треба да искочи на теренот на “Тофик Бахрамов“, и да одигра најдобро што знае.

Силекс доби златна шанса. Ова го чека 22 години…

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата