x

ПО 15-ТИ ПАТ: Работнички и оваа зима на подготовки во Анталија!

Работнички без разлика на се сепак не отстапува од традицијата, од својата стара „навика“. Имено како што дознаваме, клубот од Градски парк и оваа зима дел од зимските подготовки, онаа најважната фаза ќе ја мине во Анталија. Кога сме кај Анталија „романтичарите“ се рекордери од нашите клубови. Тие во јануари ќе престојуваат во овој турски спортско – туристички центар по 15-ти пат во последните 16 години. Од јануари 2005 само во 2010 година беа во Макарска (Хрватска).

Инаку познато е дека Работнички го чека напорна пролетна полусезона, нашиот втор најтрофеен клуб треба по секоја цена да извлече од долниот дел на табелата. А тоа да го стори ќе треба да одработи и квалитетни зимски подготовки, а престојот во Анталија гарантира такво нешто.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата