x

По седум години ја напушти ЦСКА и потпиша за Армани

Потполно неочекувано американскиот кошаркар Кајл Хајнс после седум години поминати во ЦСКА, ја напушти Москва и потпиша договор со италијанскиот Армани Милано. Хајнс имал излезна клаузула во договорот, миланскиот клуб одлучил да ја активира и на московскиот тим му преостанало само да го пушти играчот.

Инаку Хајнс освои четири титули во Евролигата, по две со Олимпијакос и со ЦСКА, а во елитното натпреварување играше уште со Бамберг. Во 2008 година тој се проба и на НБА драфтот без успех, па се сврте кон европската кошарка.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата