x

По ремито со Борнмут: Мурињо дојде и веднаш ја напушти прес-конференцијата (видео)

Тотенхем се избламира на мечот со Борнмут со тоа што одигра без голови. Да биде уште полошо фудбалерите на Жозе Мурињо не шутнаа на голот на противникот, а испуштените бодови ги оддалечија од местата за Европа. „Спарси“ на четири кола пред крајот имаат 10 бодови помалку од четвртиот Лестер и јасно е дека наредната сезона нема да одат во ЛШ, а прашање е дали ќе успеат барем до ЛЕ.

Мурињо не беше среќен поради резултатот и реагираше во свој стил. Дојде на прес-конференцијата и само што ги стави слушалките, ги симна и ја напушти прес конференцијата.

Здраво Жозе, дали ме слушаш?“, го праша еден новинар преку онлајн врска, а тој одговори „Не“ и си замина.

Не знаеме дали навистина се работело за технички проблем или Мурињо едноставно беше толку бесен што не му се одговарало на прашањата од новинарите.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата