x

По ремито во Тбилиси: Нова премија од 30.000 евра за репрезентативците!

premija-tbilisi

Добрата игра, борбеноста и освоениот бод со играч помалку, секако дека беше причина раководството на Фудбалската Федерација на Македонија да се реши за нова премија за нашите најдобри фудбалери. Па така како што дознаваме, бодот вечерва од Тбилиси ќе биде премиран со 30.000 евра, а ако ги сметаме и тие 30.000 евра за победата со Ерменија, тоа значи дека овие четири бода носат премија од вкупни 60.000 евра.

Да потсетиме дека во случај на прво место во втората група, во Ц- Лигата на Нации, ФФМ ќе ги награди репрезентативците со вкупна премија од 300.000 евра.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата