x

По првите квалификациски дуели: Македонија ги има најцрните 10. минути

mkd

Вечерва беше комплетирано првото коло од квалификциите за пласман на ЕП 2021 година.  Дел од мечевите завршија со изненадување, на дел од истите екипите ги оправдаа фаворитската улога.

Македонија за жал не е во онаа група на репрезентации кои тргнаа триумфално. Александар Тодоров и неговите избраници беа поразени во СЦ „Борис Трајковски“ со 72-81.

Овој меч ќе остане запаметен по оние пет поени кои нашите кошаркари ги постигнаа во втората четвртина. Близу до ова црно остварување беше Шведска против Хрватска, во првата четвртина постигна шест поени.

Да се надеваме дека кошаркарите ќе имаат доволно време да се соземат и против Русија да покажат нешто повеќе и подобро.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата