Калифорниската комисија за условно ослободување за прв пат препорача ослободување на Роберт Босолеј, следбеник на Чарлс Менсон, култен водач и масовен убиец, откако помина половина век во затвор.

Босолеј (71) отслужи скоро половина век затворска казна за убиството на музичарот Гери Хинмен, кој беше мачен три дена пред да биде убиен во 1969 година, објави Ројтерс.

Инаку, тој не бил вмешан во убиството на актерката Шерон Тејт и уште шестмина, исто така во 1969 година.

Комисиите за условно ослободување одлучија 18 пати дека Босолес нема да биде ослободен, објави АП.

Новиот гувернер на Калифорнија, Гевин Њус, сега има избор да му овозможи слобода на осудениот убиец или да ја блокира одлуката на комисијата.

Гувернерот во заминување, Џери Браун, претходно не ги прифаќаше препораките за ослободување на членовите на Мејсоновото „семејство“.

извор: Makfax