Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници информира дека поради опожарени стари дрвени прагови во станичното подрачје на железничката станица Куманово и гаснење на истите, заради безбедносни причини беше исклучен напонот за електровлеча помеѓу железничката станица Куманово и железничката станица Табановце во 17.35 часот.

Сообраќајот на возовите помеѓу железничката станица Куманово и железничката станица Табановце се одвива редовно за патнички и товарни возови со провлекување на возовите со дизел локомотиви. Екипите на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура заедно со противпожарната бригада од Куманово учествуваат во гаснење и локализирање на пожарот и постапуваат согласно со упатството за гаснење на пожари. Екипите остануваат на терен до целосно неутрализирање на пожарот.

извор: Makfax