Откако во минатото деноноќие беа регистрирани 99 случаи со Ковид-19 од 1.384 тестирања, вкупниот број на Ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата се искачи на 15.226. Во извештајот на Министерството за здравство се евидентирани и осум починати пациенти, кои ја искачија бројката на луѓе што го загубиле животот поради болеста на 631.

Од осумте починати пациенти, двајца се од Тетово (60 г. и 71 г.), еден од Делчево (78 г.), еден од Струга (63 г.), еден од Скопје (59 г.), еден од Дебар (52 г.) и двајца од Охрид (70 г. и 94 г).

Бројот на активни случаи во земјава изнесува 1.895.

Од вкупниот број активни случаи, во Скопје има 575, во Куманово 231, во Прилеп 139, во Гостивар 114, во Тетово 104…

Досега во земјава се направени 159.387 тестирања на Ковид -19.

На Инфективната клиника примени се осум пациенти. Вкупно се хоспитализирани 81 пациенти од кои на кислородна поддршка се 59, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се две деца и три мајки позитивни на Ковид-19, четири деца и три мајки суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се четири пациенти. Вкупно хоспитализирани се 26 пациенти од кои на респираторна машина се седум пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 55 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 122, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Податоците за активни случаи по општини во Скопје покажуваат дека најмногу ги има во Аеродром – 99, по што следат Гази Баба – 72, Карпош – 63, Центар – 62, Кисела Вода – 57, Чаир – 55, Бутел – 36, Ѓорче Петров – 34, Шуто Оризари – 23, Студеничани – 17, Сарај – 16, Илинден – 11, Арачиново – 10, Сопиште – 4, Петровец – 4, Чучер Сандево – 2, Зелениково – 1, шест се странци, а тројца се нераспределени.