Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро денеска беше пуштен од болница откако во петокот се оперираше поради камен во мочниот меур.

Операцијата, според лекарите, била едноставна процедура.

„Ројтерс“ потсетува дека Болсонаро беше прободен со нож за време на кампањата во 2018 година, по што имал четири операции.

Сегашната интервенција, се додава, нема никаква врска со тој напад.

Покрај ова, Болсонаро летово водеше битка и со Ковид-19, а кон крајот на опоравувањето неколку направени тестови и натму покажуваа дека е позитивен на вирусот, за на крајот конечно да добие негативен резултат.

извор: Makfax