x

По лошата 2019 година: Работнички сака „рестарт“ во 2020!

Ако некој наш клуб најмногу сакаше што побргу да заврши 2019 година, тоа секако дека беше Работнички. Клубот од Градски парк, инаку втор нашиот најтрофеен, минатата година ќе ја памети само по лошо. Во мај во последниот меч со Шкупи, во последните секунди „романтичарите“ беа шокирани и го загубија веќе „сигурниот“ пласман во Европа и останаа без најмалку 250.000 евра. Есенскиот дел беше лош, Работнички како последен заврши на табелата. Можеби не така лоши игри колку што беше лоша реализацијата, одбраната катастрофа. Токму затоа претседателот на клубот Драган Поповски се реши на своевиден “рестарт“. Го донесе за тренер Ратко Достаниќ а овој веднаш се фати за работа. Подготовките ги започна уште на 26 декември.

Очигледно е дека нема да биде „лабаво“ кај српскиот стратег.

Секако дека ништо не е загубено. Работнички е голем тим, голем клуб, Поповски знае што треба да се стори. Иако тимот ќе се бори за избегнување на најлошото, интересно е тоа што има шанси за пласман во Европа, се разбира преку Купот. Во првиот 1/4 финален меч со Шкендија во Тетово, Работнички избори 1:1. Ете ја шансата. Имено ако се елиминира шапионот, а Вардар не е во конкуренција, тогаш Работнички би може по петти пат во својата историја да го освои Купот на Македонија.

Кога сме кај Достаниќ, ајде да видиме кој се го водеше Работнички во изминатата 2019 година. Прво започна Жикица Тасевски, па Баже Лазаревски, летоска назначен беше Александар Влахо а есенскиот дел финишираше со Марјанчо Андрески, додека годината заврши со Ратко Достаниќ како нов шеф на стручниот штаб на Работнички.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата