x

По кратката авантура, Ребиќ го напушта Милан и се враќа во Франкфурт

Анте Ребиќ по само четири месеци минати во Милан, би можел да се врати назад во Ајнтрахт Франкфурт. Хрватскиот фудбалер дојде во таборот на „росонерите“ како големо засилување, но ретко кога добива шанса, и затоа се разгледува можноста за враќање.

Тој е позајмен во Милан на две години, со можност да се откупи неговиот договор, меѓутоа има и клаузула која вели дека Ајнтрахт Франкфурт може да го врати во било кој преоден рок во првата година од позајмицата.

Ребиќ сакал поголема минутажа, за да се наметне кај селекторот Златко Далиќ за престојното ЕП 2020 година.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата