x

По корона хаосот во Џенова: Аларм во Наполи, со нетрпение чекаме вести за Елмас!

elmas-1

Откако вечерва Џенова и официјално потврди дека во тој клуб има дури 14 позитивни на Ковид-19, среќа што Пандев не е  меѓу нив како што дознава СПОРТМЕДИА, се вклучи алармот во Наполи. Клуб кој што синоќа играше против Џенова и победи со 6:0, а петтиот гол беше дело на нашиот Елиф Елмас.  Медиумите во Италија известваат дека најдоцна утре рано наутро ќе бидат тестирани и сите во клубот од Неапол, а нас секако не интересира каква е стојбата со Дијамантот, со нетрпение ќе ги чекаме вестите, а се знае зошто. На 8 октомври играме историски натпревар со Косово, и ни се потребни сите наши најдобра репрезентативци.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата