Премиерот на Албанија, Еди Рама, преку порака на Фејсбук се закани дека повторно ќе воведе забрана за движење по наглото зголемување на бројот на нови случаи на заразени со новиот коронавирус.

Рама оцени дека зголемувањето на бројот на новозаразени е последица на фактот што граѓаните ги игнорираат препораките на здравствените власти за заштита.

„Бројот на заразените гледате расте, исто така се зголемува и бројот на оние кои се лекуваат болнички. Она што е најзагриужувачко е дека доколку трендот на новозаразени продолжи вака, не само што може да ни донесе големи штети по човечките животи и здравјето на секого, туку може да нè врати назад да се затвориме сè до пронаоѓањето на вакцината“, вели Рама.