x

По завршување на сезоната: Бесарт Ибраими си оди од Шкендија!?

Иако уште не се знае дали ќе продолжи тековната сезона, дали ќе се стави крај, сепак и кај нас почнаа трансфер – приказните околу тоа кој каде ќе оди, дали ќе остане или ќе го напушти клубот. Секако дека е интересно што ќе се случува во Шкендија, во нашиот шампион каде што има квалитетни имиња за наши услови.

Интересно е тоа што можеби Бесарт Ибраими, најдобриот фудбалер на Шкендија, најдобриот голгетер во историјата во ПМФЛ како да најави дека ќе си оди од клубот. Тој во интервју за албанските медиуми, за можноста да заигра во еден тамошен клуб, го кажа следното…

„На крајот од сезоната мене ми истекува договорот со Шкендија каде сум еве веќе пет години. Нека стигне понуда, ќе ја разгледам, па потоа ќе одлучам“ посочи Бесарт Ибраими. 

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата