По еуфоријата, Шек смирува: Дончиќ е фантастичен, но ова веќе го имам видено
24-08-2020
Лука Дончиќ вчера одигра феноменална партија погоди за победа против ЛА Клиперс и притоа запиша 43 поени, 17 скока и 13 асистенции. Словенецот ги воодушеви сите освен, Шекил О’Нил, кој ги смиува страстите.
„Реков дека мора малку да се спушти топката. Тоа е се. Фантастичен е, но ова го имам видено и претходно. Стеф Кари, Џејмс Харден…Ова го видов минатата недела од човек кој се вика Лилард. Само спуштете ја малку топката“, порача Шек.
Дончиќ сезоната ја заврши со просек од 28,8 поени, 9,4 скока и 8,8 асистенции.