Без победник заврши премиерниот натпревар од 3. коло во англиската Премиер лига, дерби пресметката на “Вајт Харт Леин”, помеѓу екипите на Тотенхем и Ливерпул.

Гостинот прв дојде во водство откако искусниот играч за врска, Џејмс Милнер успешно го изведе ударот од белата точка, но на стартот од второто полувреме на 1:1 израми, Дани Роуз.

После три одиграни кола, Тотенхем има освоено пет бода, додека “црвените” од “Енфилд” имаат освоено четри бода.