По неколкуте крупни политички одлуки надвор од сите европски стандарди и традиција, како изгласување нова власт без кворум во парламентот, промена на уставно име дури и по неуспешен реферндум, воведување двојазичност без претходен квалитетен и реален попис, со големата корупција Во Македонија која не е казнета на избори Македнија нема никакви стандарди и граници во политиката која се темели на личен интерес на мали профитни групи во власта.

По најавата на партиите на македонските Албанци дека треба да се донесе закон според кој само со тројца сведоци може да се добие македонско државјанство сега, за потреби на поединци, пред се од ДУИ, се најавува и измена на закон со кој амбасадор на Македонија  може да биде и лице кое има двојно државјанство. 

Оваие намери наидоа на отпор во опозицијата. Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО ДПМНЕ ги објави документите кои ја потврдуваат најавата, како и ставот на најголемата опозициска партија по тоа прашање.

Ова е неговата објава на Фејсбук:

Заедно со колеги пратеници ќе го блокираме предлог Зак.надворешни работи, каде за амбасадор се дозволува да има и друго државјанство, освен македонско. Тоа е погрешно решение и ќе поднесеме 300 амандмани.
? Прво, затоа што измената е произволна и претставува обид законот да се прилагоди на неколку персонални решенија на владините партнери за пополнување на амбасадорски позиции.
? Второ, овие измени се спротивни на Законот за класифицирани информации според кој неопходен предуслов за кандидатот за амбасадор  да добие “безбедносен сертификат со степен Државна тајна” е да не е државјанин и на друга држава, а амбасадор без безбедносен сертификат не е амбасадор.
? Трето, затоа што дипломатијата, како и безбедноста, е сензитивна професија каде лојалноста кон матичната држава Македонија не смее да биде доведена под знак прашалник