Препораките кои се од стручни луѓе од епидемиолозите е дека лицата кои доаѓаат од странство треба да останат во државен карантин 14 дена, меѓутоа треба дополнително да бидат во самоизолација во домашни услови уште 14 дена од едноставна причина – заради тоа што биле во колективни центри за државен карантин.

Ова е одговорот од техничкиот премеир Оливер Спасовски на новинарско прашање зошто е препораката за граѓаните кои доаѓаат од странство покрај државниот карантин од 14 дена, да останат во изолација дополнителни 14 дена кога ќе се вратат дома.

Одлуката на Владата за државниот карантин е една од најисправните одлуки во справувањето заради тоа што на тој начин придонесуваме да се прекине ширењерто на вирусот и не ги ставаме во ризик ниту оние луѓе кои допатувале од ризични држави, ниту граѓаните што се наоѓаат во нашата земја. Затоа се определија центрите за државен карантин, појасни Спасовски.