Компанијата “Hewlett Packard ” објави дека потпиша петгодишен договор со “Нокиа”, за продол- жување на услугите врзани за информационата технологија (ит) за 51.000 вработени во фирмата на Нокиа низ целиот свет. Вредноста на новиот договор се проценува на 100 милиони американски долари, а со нив се формализира меморандумот на овие две компании објавени во февруари оваа година. ХП ќе продолжи да управува со информациската инфраструктура и оперативна размена на пораки и групна соработка со мрежата на Нокиа. На 4 октомври ХП лансираше 3 проблеми за обука, на наставници и за помош при учењето. Програмите вклучуваат “он лајн курсеви”, виртуелни училници со софтери кои овозможуваат ХП калкулаторите да се презентираат на компјутерски екран и дигитално да се проектираат. Се очекува многу брзо овој интерактивен софтер да ги замени тридимензионалните проектори кои ги користат најголемиот број наставници. Овие програми се дизајнирани да ја зголемата користа на потрошувачот од големата линија и калкулаторите кои оваа компанија ги произведува, без разлика дали се користат во средните училишта, факултетите или професиите поврзани со наука, математика, финансии или продажба на недвижен имот. “Он лине” курсевите се за сите заинтересирани. Виртуелните училници и емулаторите се бесплатни за едукација во средните училишта и високообразовните институции и за бизнисите. На 1 ноември ХП планира да започ не со курсеви со интерактивни самопоставувач ки веб модули, кои ќе опфаќ аат теми од пресметки и статистика до инвестициони хипотеки и акции.