x

По година и пол, Дурент се враќа на паркетот

kevin-durent

Кевин Дурент се враќа на паркетот по пауза од 18 месеци поради повредата на ахиловата тетива. Поранешниот двократен МВП во сезоната и двократен шампион во НБА конечно ќе игра за Бруклин Нетс.

Дурент не сме го виделе од петтиот натпревар во финалето во 2019 година, кога се здоби со сериозна повреда во дресот на Голден Стејт Вориорс.

„Не брзам, ќе играм додека не наполнам 40 години. Во првата фаза на опоравување, не можев да одам или да трчам. Мислам дека е потценето што треба да научите да одите повторно, да научите како да трчате, да скокате повторно и да користите одредени движења. Луѓето не разбираат, Ахиловата тетива е една од најсилните во човечкото тело, па кога таа ќе се скине, треба време за да се опорави“, рече Дурент.

Операцијата следеше кратко откако тој реши да се пресели во Нетс и да игра со својот пријател Кајри Ирвинг.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата