Научниците објавија дека во првиот случај на маж кој бил повторно заразен со коронавирус може да доведе до откритие коешто може да има значајни импликации за развој на вакцина и надеж за природен имунитет против вирусот.

Истражувачите од Катедрата за микробиологија на Универзитетот во Хонг Конг велат дека генетската секвенца на вирусот покажува дека маж од Хонг Конг бил заразен двапати со различни верзии на вирусот „Ковид-19“ за еден месец.

Според истражувањето, пациентот бил 33-годишен маж со добра здравствена состојба. Кога за прв пат се заразил, имал од кашлица, болка во грлото, треска и главоболка три дена.

Тој бил позитивен и хоспитализиран на 29 март.

Четири и пол месеци подоцна, тој се вратил во Хонг Конг од Шпанија преку Велика Британија, кога бил тестиран позитивно за време на влезот на аеродромот „Хонг Кинг“ на 15 август.

Повторно бил хоспитализиран, но немал никакви симптоми во тој период.