x

По Вардар и Кил му зеде мерка на Фленсбург

flensburg-1

Фленсбург до гостувањето во Скопје немаше пораз, ниту во Бундес-лигата, ниту во Лигата на шампионите. Пред дуелот со Вардар 1961 имаше серија од шест победи во низа. Но, во таборот на германскиот клуб се тргна во удолница по дуелот со актуелниот европски првак.

Ракометарите на Фленсбург беа совладани во СЦ „Јане Сандански“ за прв пораз во Лигата на шампионите, а веќе денеска го запишаа и првиот во домашниот шампионат. На гостувањето кај Кил беа совладани со убедливи 29-21. Ова беше меч во кој домаќинот постојано ја имаше контролата на резултатот, а благодарение на фуриозното второ полувреме (17-11) дојде до третата победа во Бундес-лигата.

По овој пораз Фленсбург падна на седмото место, додека пак Кил е една позиција погоре. Денеска игра и Жарко Пешевски, неговиот Шутугарт е домаќин на Лемго.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата