Искусниот македонски премиер Никола Груевски не беше соборен во обидот за „државен удар”, што во февруари годинава во Македонија во соработка со Вашингтон се обидоа да го организираат стратезите на Обоените револуции и домашната опозиција.

Американската администрација и не сокрива дека по одлуката за изградбата на Турскиот тек, кој би требало да минува низ целата територија на Македонија ќе се обиде да направи се за да го осуети тој проект, се вели во анализата на хрватскиот сајт Новоименуваниот американски амбасадор во Скопје, Џес Бејли, често знае да каже дека „кревкиот македонски брод веќе се тресе”. Тој долги години работеше во Турција, а има одлични конекции на Балканот. Во Македонија веднаш се почувствува неговото доаѓање, а само што пристигна во резиденцијата во февруари годинава, Вашингтон се обиде да организира “Обоена револуција” преку свој човек, лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија – СДСМ, младиот политичар Зоран Заев од Струмица.

Вашингтон и Брисел се свесни дека во Македонија од албанското малцинство до „контролирана опозиција” во кое било време можат да ја дестабилизираат земјата и да ја преземат контролата, се вели во анализата на хрватскиот сајт AlterMainstreaInfo.com.hr.

Што се вели во анализата за ситуацијата во Македонија?

Вашингтон и Брисел се свесни дека во Македонија од албанското малцинство до „контролирана опозиција” во кое било време можат да ја дестабилизираат земјата и да ја преземат контролата. Особено ако Косово воспостави блиски контакти со македонските Албанци, поконкретно со екстремистичките групи чиишто припадници се сметаат за „браќа по крв и вера”. Доволно е да им се даде зелено светло , малку оружје и пари, и така „во вистинско време” во Македонија ќе можат да се најдат неограничен број калашникови и повеќе стотини обучени борци.

Треба ли да заборавиме што се случуваше во 2001 година кога северозападниот дел на Македонија во војната против владините сили беше под контрола на албанската Ослободителна национална војска – УЧК, на чело со Али Ахмети, актуелен член на парламентот и челник на албанската национална партија во Македонија.

Епицентар на немирите тогаш беше Тетово. Тогаш сепаратистичката албанска Ослободителна војска и се закани на легитимната власт дека ќе го заземе Скопје, а македонската влада на крајот беше присилена да потпише договор со Албанците. Одредбите на овој документ радикално ја променија политичката ситуација во земјата.

Мнозинството во Скопје мисли дека по Хашим Тачи, кој со поддршка на НАТО и Вашингтон доби власт на Косово, и во Македонија некој ќе појде по неговите чекори, пишува Константин Качалин, руски аналитичар и стручњак за проблемите на Балканот.

Шемата е едноставна – сите Албанци во регионот (Косово, Македонија, Црна Гора, Грција) треба да живеат под едно знаме и да и се покорат на Тирана. Голема Албанија може да собере околу 8 милиони луѓе, од кои 70 се муслимани, околу 20 проценти католици, а само 10 отсто православни. Треба да се каже дека во националниот идентитет на Албанците верската припадност никогаш не била пресудна. И покрај се, аналитичарите често споменуваат дека Македонија исто така станала еден од главните канали за забрзана “вахабизација” на Балканот. Денес речиси во сите македонски села и помали места има џамии во кои локалните муфтии и дење и ноќе ја спроведуваат својата работа на индоктринација на верниците. Во свеста на албанските жители во регионот дошло до опасна ревалоризација на вредностите.

Новоименуваниот американски амбасадор во Скопје, Џес Бејли, често знае да каже дека „кревкиот македонски брод веќе се тресе”. Тој долги години работеше во Турција, а има одлични конекции на Балканот. Во Македонија веднаш се почувствува неговото доаѓање, а само што пристигна во резиденцијата во февруари годинава, Вашингтон се обиде да организира “Обоена револуција” преку “свој човек”, лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија – СДСМ, младиот политичар Зоран Заев од Струмица.

Со уцени за незаконско прислушување на опозициските лидери опозицијата имаше намера да ја присили конзервативната влада да поднесе оставка, а за дополнително да ја разгори страста, Заев објави дека Груевски заповедал да се прислушуваат новинари, верски лидери, како и лидерите на албанските партии.

Лидерот на СДСМ повеќепати објави делови од прислушуваните телефонски разговори на кои се снимени опозициските лидери како и државните службеници и министри, но на тоа Груевски само реагираше дека се е дел „компромисот” со претставниците на странските служби.
Сепак, Зоран Заев не пропушти да изјави дека „целиот случај мора да има политичка завршница, затоа што никој не очекува да дојде до правна”.

Значи, на Заев крајна цел му е да го тргне Груевски, а правниот епилог му е помалку битен.
„Времето кое доаѓа апсолутно зависи од него. Дали ќе им го олесни животот на Македонците и дали наскоро ќе повлече потези кои и одат во прилог на земјата”, изјави Заев, кој додаде дека правниот расплет може да се очекува само во нормална држава.
Меѓутоа, премиерот Груевски не потпадна на уцените и подоцна објави снимка во која Заев признава дека материјалот го добил од странство. Потоа беше уапсен поранешниот директор на Македонската разузнавачка служба УБК, Зоран Верушевски, под сомнение дека работел за странската служба наводно одговорна за прислушувањето.

„Го гледав и слушав лидерот на македонската опозиција кој со гордост и самодоверба ме извести дека странски разузнавачки служби го уцениле илегално, незаконски да објави материјал чија крајна цел е решавање на некои нивни проблеми”, истакна премиерот Груевски.

Властите веќе поднесоа казнени пријави за предавство против Заев и неговите помагачи. Јасно е дека македонската опозиција сака да ги искористи сите трикови и да ја продолжи соработката со странските разузнавачки агенции, да ја дестабилизира ситуацијата во земјата со цела да ја преземе власта во свои раце. Во тој случај Вашингтон би можел да ги диктира условите кои ги сака и да дава „потребни упатства”.

Значи, изгледа дека Македонија ја чека истото сценарио како и соседна Бугарија. Исто како што бугарскиот премер го минираше проектот Јужен тек, но и покрај ветувањата на Вашингтон, на крајот остана без ништо. Нема сомнежи дека американските дипломати и ЦИА го подготвуваат „бугарското сценарио” и за Македонија.

Обраќајќи им се на новинарите, Груевски истакна: „Во 24 години независност на Македонија никој во политичкиот живот на земјата не направил такво нешто слично” Уцените и заканите не се упатени само кон мене,а на сите учесници во заговорот, сакам јасно да им порачам дека ние не сме „Македончиња”, туку Македонци!”.

„Македонскиот Мајдан”, каков што требаше да води Зоран Заев, за кого постојат низа докази дека со многу пари го финансира американскиот „филантроп” и милијардер Џорџ Сорос, овојпат не помина.

Имено, гревот на македонската влада беше што го поддржа рускиот став во Украина, поради што Москва сега побара темелна истрага за улогата на странските сили во обидот да се смени власта во Македонија.

Истражувачкиот новинар Вајн Мадсен во колумна од 16 февруари пишува:

„Тактиката на Викторија Нуланд, помошничка на американскиот државен секретар Џон Кери за евроазиски прашања, се разликува во нејзината украинска и македонска кампања. Нејзиниот потпис со понуденото колаче на демонстрантите на Мајдан во Киев за Македонците беше непожелен, па реши да го обвини Груевски дека прислушувал дури 20.000 Македонци, иако снимките докажуваат дека тоа го направил тајно Џорџ Сорос преку финансирање на лидерот на опозицијата Зоран Заев. Македонската разузнавачка служба ја обвини Нуланд дека го организирала сево ова со Заев и со неговиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ), поранешната Комунистичка партија во која од корен се инфилтрирани Централната разузнавачка агенција (ЦИА) и оперативците на Џорџ Сорос. За обидот за пуч против Груевски, исто така, се товари и Шеќеринска. Заев и Шекеринска беа македонските инсајдери на Вашингтон исто како што беше бившиот премер и претседател Бранко Црвенковски, кој прифати се што му нудеа дарежливите агенции и организации како што се ЦИА, Националниот демократски институт (НДИ). Националната фондација за демократија (НЕД), Фридом хаус и Отворено општество на Џорџ Сорос. Сите заедно се обидоа да покренат револуција против владата на десниот центар на премиерот Никола Груевски и партијата ВМРО-ДПМНЕ.”

Искусниот премиер Никола Груевски успеа да ги победи своите противници. Но, за колку долго? Американската амбасада во Скопје веројатно ќе постапува по упатствата на Стејт департментот и ЦИА. Ако Заев се појави во суд, ќе биде осуден за предавство, во трезорите на амбасадорот Бејл веќе постои список на „сигурна и верна” опозиција подготвена да води борба за „демократска и просперитетна” Македонија. Албанците ќе му помогнат во тоа, но сепак треба да постои надеж дека сонот за Голема Албанија нема да биде дел од планот за дестабилизација на Македонија поради гасоводот Турски тек, зашто тоа веќе не би бил само македонски проблем, туку со експлозија на Балканот ќе гледаме реприза на деведесеттите.