Вкупно четири погодоци, по два во двете мрежи паднаа во најинтересниот неделен натпревар од 32. коло во шпанската Примера дивизион, меѓу Еспањол и Атлетико (М).
Далеку понезадоволни од конечниот резултат беа фудбалерите на Атлетико (М), кои полека го губат здивот во борбата за местото кое води во УЕФА Евро лига.
– Имавме предност и моравме да ја зачуваме до последниот судиски свиреж. Веќе немаме право на кикс, ако направиме уште еден, ќе мора да се збогуваме со Европа. Не сакам ни да помислам дека нема да стигнеме до посакуваната позиција на табелата, изјави предводникот на “јорганџиите”, Кике Санчез Флорес.

Многу важна победа на гостувањето во Осасуна, забележа Атлетик (Б).
– Сон на секој искрен фан на Атлетик е следната сезона да играме во ЛШ. Ќе се обидеме да го реализираме на дело тој сон. Ќе биде тешко, но не и невозможно, изјави предводникот на домаќините Жоакин Капарош.

Резултати: Сосиедад – Спортинг 2:1 (Гризман 32′, 79′ – Де лас Куевас 69′), Леванте – Херкулес 2:1 (Рубе Суарез 5′, Хуанлу 43′ – Трезеге 82′), Депортиво – Сантандер 2:0 (Ласад 45′, Сиско 48′), Осасуна – Атлетик Б. 1:2 (Сола 51′ – Љоренте 69′, Муниаин 90′), Еспањол – Атлетико М. 2:2 (Освалдо 38′, 58′ – Коке 2′, Агуеро 49′).

Табела

1. Барселона

32

27

4

1

86:17

85

2. Реал (М)

32

24

5

3

73:23

77

3. Валенсија

32

19

6

7

54:35

63

4. Вилјареал

31

16

6

9

48:36

54

5. Атлетик (Б)

32

15

3

14

49:46

48

6. Атлетико (М)

32

13

7

12

50:43

46

7. Севилја

32

13

7

12

48:47

46

8. Еспањол

32

14

3

15

40:45

45

9. Леванте

32

12

6

14

36:42

42

10. Мајорка

32

11

6

15

33:45

39

11. Хихон

32

9

11

12

30:37

38

12. Сосиедад

32

12

2

18

42:55

38

13. Депортиво

32

9

11

12

27:40

38

14. Гетафе

32

10

7

15

43:51

37

15. Сантандер

32

9

10

13

31:47

37

16. Осасуна

32

9

8

15

37:39

35

17. Сарагоса

31

8

9

14

31:44

33

18. Малага

32

9

6

17

42:62

33

19. Херкулес

32

8

6

18

29:50

30

20. Алмерија

32

5

11

16

32:57

26