По Амариканците и Британците одбија да му дадат виза на косовскиот премиер, Рамуш Харадинај. Според тиранскиот весник ,,Дита“, визата од страна на братанската амбасада, на Харадинај му била одбиена пред неколку денови, но Владата во Приштина ја криела оваа информација.

Истиот весник, кој се повикува на извори во Косово, наведува дека веста за одбивањето на визата за косовскиот премиер е објавена од британската амбасада. Весникот „Дита“ коментира дека одбивањето на виза за патување во САД, а сега и во Велика Бритранија е резултат на обидите што ги прави премиерот на Косово, Рамуш Харадинај и претседателот на Косово, Хашим Тачи, да се оневозможи работата на Специјалниот суд, а што претходно е договорено со меѓународниот фактор, Специјалниот суд да си ја изврши својата активност.

Инаку, Харадинај барал виза за патување во Велика Британија за учество на Самит за Инвестиции во Западен Балкан, кој ќе се одржи кон крајот на февруари.

извор: Makfax