Стравични сцени доаѓаат од Мароко, каде што меѓусебе се судрија навивачите на Раџа Казабланка. Во дербито Раџа славеше со 2:1 над Шабаб Риф Хоциеме, но натпреварот го одбележаа немирите во кои две лица го загубија животот, а повеќе од сто се повредени.

Интересно е што во нередите не учествуваат гостинските навивачи, туку двете фракции на домашните навивачи. Судирот од стадионот се пресели и на улиците на Казабланка.