За годинава е предвидено да бидат унифицирани 60-тина дуќани во еден дел од чаршијата.

– Министерството за економија има обезбедено околу 400 илјади евра и веќе од октомври активно ќе започне унифицирањето на излозите во Старата скопска чаршија. Апликациите сеуште не се поднесени затоа што проектот прво мора да се одобри од Конзерваторскиот центар и од Министерството за култура, рече министерот Незири.

Тој информира дека веќе е објавен повик за тоа како треба да изгледаат излозите што ќе биде субенционирано од државата.