Од 24 до 27 ноември 2004 во скопскиот хотел Континентал ќе се одржува вториот светски фестивал на филмска и радио продукција на ромски јазик “Златно тркало”. Манифестацијата свечено ја отвора вечерната проекција на филмот “Џипси меџик”. В четврток, на 25 ноември, почнувајќи од 09.30 часот ќе бидат прикажани ТВ остварувањата “Трколка” (ТВ БТР – Македонија), “Ангел чувар” (РТВ НИШ – СЦГ), “Солзи во рајот” (Роминтерна -Бугарија), “Чингер Пхагер” (ТВ Ромеа – Чешка), “Ова е моето училиште” (Медбурн Центре – В. Британија), “Куштепе блуз” (Троиа медиа – Турција), “Прва петорка” (ТВ Шабац – СЦГ), “Роми” (Хроникле филм фондејшн – Унгарија). Во 15 часот е тркалезната маса на УНИЦЕФ на тема ”
Учество на децата и младите во медиумите”. Вечерниот филм “Голем оган” (УМ Велт филм продакшн-Германија) почнува во 19 часот. Програмата на 26 ноември, исто така, почнува претпладне во 09.30. Филмови на репертоар се “Ангел” (Портокал – Бугарија), “Јадење лешеви” (МНРХ – Унгарија ), “Си беше еднаш” (ТВ Скиф – Белорусија), “Ова јас го напишав” (РТВ Зајечар), “Убавата Дијана” (Дриблинг пикчрс – СЦГ), “Осаменоста убива” (ТВ Видин – Бугарија), “Ерделези или некоја друга приказна” (РТВ Краина). Во 15.00 часот се отвора ворк шопот “Ромите во филмот низ призмата на Ромски и неромски партиципиенти”. Следува вечерен филм “Адиса или илјадагодишна приказна” во продукција на “Ил Гиганте” – Италија. Третиот ден, 27 ноември, предвидена е проекција на филмовите
“Списокот на Тони Манџа” (Дигитпроп и Телма телевизија), “Свадба” (РТВ Зајечар – СЦГ), “Жена од улицата” (Сашко Голов – Македонија), “Соништа на перонот на детството” (Фактум – Хрватска), “Стари занаети” (МРТВ –Бијандипе – Македонија). По вечерниот филм “Кенеди се враќа дома” (ДОК Хаус СЦГ) следува церемонијал на доделување на награди и затворање на фестивалот. Организатор е сателитската ТВ БТР национал. (Ва.Ѓ.)