Од утре ќе почне изградбата на првата бензинска станица на “Лукоил” на бул. “Александар Македонски” бр. 4 во Скопје. Инвенститорот “Лукоил Македонија” ги обезбедил сите потребни дозволи и одобренија од државните и локалните власти, и ги подмирил сите финансиски обврски. Потпишани се купопродажни договори за изградба на бензински станици и во Битола, Велес и Стража, се вели во вчерашното соопштение на “Лукоил Македонија”.
Во најкусо време, како што соопштува компанијата, во соработка со централната и локалната власт ќе бидат обезбедени градежни локации за изградба на 40-тина бензински станици, во кои е предвидено да се вработат 600 лица. (МИА)