x

Почнува ЕП во ракомет (Ж): Русија, Холандија, Франција… го напаѓаат европскиот трон

ehf-euro-zeni-2020

По сите проблеми со светската пандемија со коронавирусот, денеска и официјално почнува Европското ракометно првенство за жени во Данска. Од денес до 20 декември, Данците ќе бидат единствените организатори на настанот, откако нивните соседи од Норвешка се откажаа во последен момент, по јасните барања од здравствените и политичките власти, кои не можеа да бидат исполнети за време на првенството.

Бројните селекции на турнирот дојдоа сериозно ослабени и нецелосно подготвени. Многу играчи се откажаа, а другите немаа доволно натпревари досега оваа сезона, што може да доведе до големи осцилации во играта. Тоа, пак, може да биде предуслов за едно од најнеизвесните првенства во последно време, иако е јасно дека квалитетот не може да биде на највисоко ниво.

Олимпискиот шампион Русија и светскиот првак Холандија влегуваат со сериозни амбиции, но најсилни шанси се проценува дека има силната Норвешка. Франција, Шпанија и Данска се исто така меѓу фаворитите.

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО (Ж)
ДЕНЕСКА НА ПРОГРАМАТА:
18.00 Романија – Германија

18.15 Русија – Шпанија

20.30 Норвешка – Полска

20.30 Шведска – Чешка

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата