На Форумот се најавени најмногу учесници досега – претставници на компании од банкарството, осигурувањето, тровијата, туризмот, енергетиката, земјоделството, фармацевтската индустрија, високи државни функционери и влијателни бизнис лидери ќе ја разгледуваат програмата за реформи, не само во Србија, туку и во регионот.

Присутни ќе бидат и амбасадори, дипломати, претставници од меѓународи финансиски инвестиции, економски аналитичари, теоретичари, меѓународни експерти, како и претставници од медиумите.

Учесници на форумот се и претседателите на стопанските комори од регионот, меѓу нив и Бранко Азески, претседателот на стопанската комора на Македонија. Тој ќе зборува на третиот панел, на тема „Реформска програма на регионалните инвестиции: еден регион едно стопанство”.

Програмскиот одбор предвидува расправи во три области: Интелигентна инвестиција како нова агилност на Владата во полето на фискалната консолидација, Програма за реализација на реформи: Развој на инфраструктура, реструктуирање на јавниот сектор и обмислен пораст, како и Одржлив и инклузивен развој: Перспектива на индустриските политики.