Мобилната екипа на Управата за јавни приходи и пазарната инспекција со засилено полициско обезбедување вчера во Тетово почна со затворање на угостителските и трговските дуќани на кои уште минатата недела им беше изре- чена мерка затворање во траење од 30 дена, поради неиздавање фискални сметки. Со налепница “Затворено од пазарна инспекција” од вкупно 32 објекти, вчера беа пломбирани продавницата “Инџи” за козметички препарати, сопственост на Али Мусаи, продавницата “Гага топ-шоп” (популарна во Тетово по евтини производи) и трафиката “Галантерија” на Музафер Салии. Акцијата со асистенција на МВР продолжи и во доцните попладневни часови во цетралното градско подрач- је со концентрација на најпрометната улица “Мар- шал Тито” и со видна нервоза кај сопствениците на пломбираните објекти кои се заканувале и на новинарите и на инспекторите. На сопствениците на овие 32 дуќани инспекторите им издадоа решенија за затворање уште минатата недела, меѓутоа акцијата за нивно пломбирање почна дури вчера. Како што н&”238; информира заменик-директорот на Републичката управа за јавни приходи Фарук Омери причина што овие објекти во Тетово не беа ставени под клуч во рок од три дена (како што налага законот), е затоа што инспекторите биле зафатени со контрола на фискализцијата во Гостивар. Таму, пак, според Омери, од контролираните трговски и угостителски ду- ќани, се издадени 15 решенија за нивно затворање, а шест од нив се веќе пломбирани. (В.М.Б. – И.С.)