Германскиот претседател, Франк-Валтер Штајнмаер и неговиот полски колега, Анджеј Дуда ја отворија денешната комеморација по повод 80-годишнината од почетокот на Втората светска војна.

Церемонијата почна рано утрово во 4.40 часот во Полска кога пред 80 години паднале првите нацистички бомби и ги убиле првите цивили.

По минута молк, Дуда му заблагодари на Штајнмаер за неговото присуство, пренесе „АП“.

На главниот настан во Варшава ќе присуствува германската канцеларка, Ангела Меркел, потпретседателот на САД, Мајк Пенс и многу други, наведе агенцијата.

извор: Makfax