Во банките почна да се врши етапна исплата на пензиите, според висината на пензијата.

Денеска се исплатуваат пензиите до 11.000 денари, а за пензиите до 14.000 денари, исплата е утре.

Пензиите од 14.001 до 18.000 денари ќе бидат исплатени в среда, а пензиите повисоки од 18.001 денар ќе се исплаќаат в четврток.

Пензионерите кои користат платежна картичка поврзана со сметката можат да ги користат парите за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Истотака, пензиите можат да се подигнат и на банкоматите во банките.

Етапната исплата е дел од мерките за коронавирусот, а со цел да се избегнат гужвите пред банките.

извор: Makfax