Европската унија вчера ги возобнови преговорите со Турција кои беа во застој од јуни минатата година, изјави за АФП неименуван европски дипломат. Амбасадорите во ЕУ се согласиле дека Турција може веднаш да ги започне преговорите за едно од 35-те поглавја, чии одредби земјата мора да ги исполни за да влезе во европското семејство.