Во струмичката полиција во попладневните часови на вчерашниот ден била пријавена смрт на тракторист.

Како што информираат од МВР, загинал 64-годишен жител на струмичкото село Костурино, откако со трактор се превртел кај местото викано Голаш во близина на селото.

Увид на местото извршила екипа од СВР-Струмица и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

извор: Makfax